КК Струмица го доби градско дерби со КК Ролинг 08

Кошаркарите на Струмица го добија градското дерби со екипата на Ролинг со резултат од 89:65, во меч од 8. коло од Втората кошаркарска лига. Натпреварот претставуваше мало струмичко дерби, но само „на хартија“ затоа што екипата на Струмица без особени проблеми славеше со убедлив резултат и ја оправда фаворитската улога.

За Струмица ова е трета сезонска победа и со вкупно 9 освоени бодови се наоѓа на четвртото место на табелата, додека младата екипа на Ролинг која се’ уште нема забележано победа се наоѓа на седмата позиција на табелат со 8 бодови.

Во следното коло КК Струмица ќе гостува кај Баскет Кам, додека Ролинг на домашен терен ќе игра со лидерот Ангели, во меч каде гостите ќе бидат апсолутни фаворити.

Comments are closed.