Качевски Јован главен судија на мечот меѓу Силекс и Академија Пандев

Академија Пандев во среда ќе патува во Кратово каде ќе се соочи со екипата на Силекс во тежок натпревар од 18. вонредно коло од Првата македонска фудбалска лига.

Качевски Јован од Струга ќе ја дели правдата на мечот во Кратово, а негови помошници ќе бидат Маркоски Слаѓан од Гостивар и Мацевски Ацо од Струга. За четврт судија е делегиран Младеновски Дејан од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Путилин Иван од Скопје, додека за контролот е делегиран Мировски Ацо, исто така од Скопје.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 13:00 часот без присуство на публика, поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.