Беласица домаќин на Вардар

Беласица на домашен терен ќе има тешка задача со актуелниот шампион Вардар, во меч од вонредното 18. коло од ПМФЛ.

Беласица - Македонија ЃП, 15. коло ПМФЛ 4

Формата го прави голем фаворит разиграниот Вардар кој во Струмица доаѓа силно мотивиран за победа и три бодови. „Фенерџијата“ Беласица го има домашнио терен на своја страна, па ќе се обиде истиот да го искористи за да дојде до позитивен резултат.

Бартон Јосип од Скопје ќе биде главен Судија, а ќе му помагаат Емурли Иса од с. Шемшово и Мустафи Фатон од Тетово. Четврт судија на мечот во Струмица ќе биде Ристовски Доне од Гевгелија. Делегат на натпреварот ќе биде Маневски Димче од Велес, додека за контролор е делегиран Илиоски Петре кој доаѓа од Прилеп.

Мечот се игра со почеток од 13:00 часот и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.