Бартон Јосип ќе ја дели правдата меѓу Беласица и актуелниот шампион Вардар

Беласица во среда на домашен терен ќе се соочи со актеулниот шампион Вардар, во меч од 18. вонредно коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Пелистер, 12. коло ПМФЛ 9 - Copy

Бартон Јосип од Скопје ќе биде главен Судија, а ќе му помагаат Емурли Иса од с. Шемшово и Мустафи Фатон од Тетово. Четврт судија на мечот во Струмица ќе биде Ристовски Доне од Гевгелија. Делегат на натпреварот ќе биде Маневски Димче од Велес, додека за контролор е делегиран Илиоски Петре кој доаѓа од Прилеп.

Мечот се игра со почеток од 13:00 часот и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.