Академија Пандев во среда гостува во Кратово кај Силекс

Во среда се игра вонредното 18. коло од Првата македонска фудбалска лига. Екипата на Академија Пандев ќе има тешко гостување во Кратово, каде ќе ги одмери силите со Силекс.

Академија Пандев - Борец, 16. коло ПМФЛ

Мотивот за победа и нови три бодови кај „пандевци“ е голем со цел да излезат од опасната зона, но, теренот во Кратово секогаш е тежок за освојување, па струмичани ги чека тешка битка. „Незгодниот“ Силекс ќе се обиде да дојде до победа бидејќи на последните три натпревари имаат две ремија и еден пораз.

Качевски Јован од Струга ќе ја дели правдата на мечот во Кратово, а негови помошници ќе бидат Маркоски Слаѓан од Гостивар и Мацевски Ацо од Струга. За четврт судија е делегиран Младеновски Дејан од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Путилин Иван од Скопје, додека за контролот е делегиран Мировски Ацо, исто така од Скопје.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 13:00 часот без присуство на публика, поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.