Трпчевски Стојанче главен судија на мечот меѓу Пелистер и Беласица

Беласица утре ќе гостува во Битола каде во дерби од дното ќе ги одмери силите со Пелистер во меч од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Главен судија кој ќе ја дели правдата во Битола ќе биде Трпчевски Стојанче од Кавадарци, доддека негови помошници ќе бидат Трпчевски Драган и Панов Душко, исто така од Кавадарци. Четврт судија на мечот ќе биде Мантев Петар од Неготино. За делегат е делегиран Далипи Џевдет од Кичево, додека за контролот е одреден Даниловски Крсте од Скопје.

Мечот стартува во 13:00 часот и ќе се игра без публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.