Статистика за натпреварот меѓу Пелистер и Беласица

Беласица денес ќе има тешко гостување во Битола каде ќе се соочи со Пелистер во меч од 17. коло од Првата лига. Двете екипи се во резултатска криза, но, доколку се погледне онаа на битолчани тогаш можеме да кажеме дека тие имаат далеку голема резултатска криза, бидејќи на последните пет натпрвари имаат пет порази.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Овие две екипи досега се сретнале седум пати во рамки на Купот, Втората и Првата лига. Битолчани на три натпревари запишале победа, Беласица успеала два пати да слави над Пелистер, додека два натпревари завршиле без победник. Исто така, овие две екипи имаат одиграно и два пријателски натпревари, еден во 2019 и еден во 2020 година. Првиот пријателски натпревар го добил Пелистер со 3:1, додека вториот го добила Беласица со 2:0.

 

Comments are closed.