Спартмани загуби од лидерот Брегалница Делчево

Лидерот Брегалница од Делчево во Градско Балдовци дојде до нова победа, откако со 0:3 славеше над домаќинот Спартмани и ја оправда фавортиската улога. Гостите од Делчево резултатот го отворија во 30. минута преку пенал, а успешно реализираше Пешовски. Четири минути подоцна Брегалница зголеми на 0:2 преку Александар Илиев кој подоцна погоди и за 0:3.

Спартмани - екипа 2020-21 1

Comments are closed.