Екипата на Пелистер конечно запиша победа, откако на претходните пет натпревари имаше пет порази. На домашниот терен во Битола со минимални 1:0 славеше над „фенерџијата“ Беласица, со „златниот“ гол на Талевски кој го постигна во 81. минута од мечот.
Победата на Пелистер добива на тежина бидејќи излегоа од опасната зона и сега со 15 бодови се на десетото место на табелата, еден повеќе од „пандевци“ кој се вратија место подолу. Беласица останува на дното со 9 бодови.
Comments are closed.