Наковски Волеј го загуби дербито со Работнички – Скопје

Одбојкарките на струмички Наковски Волеј загубија со 1:3 во сетови од Работнички – Скопје, во меч од 2.коло од Втората фаза – 1. Првиот сет заврши со 21:25, додека во вториот гостите беа за нијанса подобри и истиот го добија со 19:25. Третиот сет заврши со 25:22 во полза на домаќините, а четвртиот со 21:25 за гостите од Скопје и за нова победа.

Наковски Волеј - екипа 2020-21

Наковски Волеј со 3 бодови е на петото место на табелата, додека Работнички – Скопје со 22 бодови е на врвот од табелата.

Comments are closed.