Лидерот Шкендија славеше над Академија Пандев во Струмица

Шкендија дојде до нова победа, откако со минмални 0:1 славеше над Академија Пандев на СЦ „Пандев“ во Струмица, во меч од 17. коло од Првата лига.

Во првиот дел од мечот „пандевци“ имаа одлична игра, но, немаа реализација. Во вторите 45. минути Шкендија одигра подобро и преку Елези дојде до водство од 0:1, воедно тоа беше и конечниот резултат.

Академија Пандев - Шкендија 17. коло ПМФЛ

Тетовци ја зголемија предноста на табелата и имаат 39 бодови, а воедно се и есенски шампиони, додека Академија Пандев падна повторно во опасната зона со 14 бодови.

Comments are closed.