Утре на СЦ „Пандев“ во Струмица силите ќе ги одмерат домаќинот Академија Пандев и лидерот Шкендија, во меч од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Правдата на овој меч ќе ја дели Грујоски Александар од Кичево, додека негови помошници ќе бидат Лика Куштрим и Јанкуловски Зоран од КИчево. За четврт судија е делегиран Иванов Игор од Велес. Делегат на натпреварот ќе биде Стевковски Боби од Скопје, додека за контролот делегиран е Стојановски Драге од Куманово.
Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и ќе се одигра без публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Comments are closed.