Струмичко градско дерби меѓу КК Струмица и КК Ролинг

Утре се игра струмичкото градско дерби меѓу екипите на КК Струмица и КК Ролинг, во меч од 8. коло од Втората кошаркарска лига – Исток.

Формата ја фаворизита КК Струмица во ова градско дерби кое ќе се игра во салата „Никола Карев“ во Струмица со почеток од 18:00 часот. Судиска тројка на мечот ќе биде Лалков В., Лазов Б. и Донев О. За делегат е делегиран Пиљафов В.

АРХИВА

АРХИВА

Натпреварот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.