Одбојкарките на Струмица Жени утре ќе гостуваат во Тетово, каде во меч од 2. коло од Втората фаза – 1 ќе ги одмерат силите со Универзитет во Тетово. Струмичкиот клуб со 13 бодови е на петото место на табелата, додека домаќините со 2 бода помалку се на шестото односно последно место на табелата.
Саздовски Никола ќе биде прв судија на мечот, додека за втор судија е делегиран Давитков Марјан. Делегат на натпреварот ќе биде Здравески Здравко.
Мечот се игра во СС „Млади“ – Универзитет Тетово со почеток од 18:00 часот без присуство на публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Comments are closed.