Одбојкарките на Наковски Волеј на домашен терен ќе одигра дерби со екипата на Работнички – Скопје, во меч од 2. коло од Втората фаза – 1 од Првата женска одбојкарска лига. Струмичките одбојкарки со 13 бодови се на четвртото место на табелата, додека Работнички – Скопје со 19 бодови е на делба на второто место и имаат негатива од 2 бода во однос на лидерот Вардар Жени, што е дополнителен мотив за нивна победа.
Прв судија на натпреварот ќе биде Жабев Зоран, додека втор судија е Амбарков Орданче. За делегат е делегиран Тасев Марјан. Мечот се игра во ОЗУ “Димитар Влахов“ во Струмица со почеток од 18:00 часот и ќе биде одигран без публика поради пандемијата со Ковид-19.
Comments are closed.