Одбојкарките на Македонија Макс на домашен терен ќе се соочат со екипата на Јанта Волеј Форца, во меч од 2. коло од Втората фаза -2. Струмичките одбојарки ги очекува тежок меч, бидејќи формата ги фаворизите гостите. Македонија Макс со еден освоен бод е на седмото место на табелата, додека Јанта Волеј Форца со 12 освоени бодови е на виското трето место, а бројот на бодови е ист како и на лидерот Пелистер Волеј, што е мотив плус за победа на гостите.
Трајков Иван ќе биде прв судија на мечот, додека за втор судија е делегиран Ричлиев Филип. Делегат на натпреварот ќе биде Атанасов Трајче.
Натпреварот се игра во ОУ „Видое Подгорец“ во Струмица и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Comments are closed.