Беласица на дерби со Пелистер во Битола

Екипата на Беласица во недела ќе гостува во Битола каде ќе се соочи со Пелистер, во меч од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига. Мечот е важен и за двете екипи кои водат битка за опстанок во елитата. Двете екипи се во резултатска криза, а ако се погледат последните пет натпревари, тогаш дефинитивно битолчани имаат потешка криза, бидејќи имаат пет последователни порази, додека Беласица има победа, реми и три порази.

Шкендија - Беласица, 16. коло ПМФЛ

Во однос на табелата, Беласица е последна на табелата со 9 бодови, додека Пелистер со 12 бодови е место погоре, што значи дека и двете екипи се во опасната зона за испаѓање. На „Под Тумбе Кафе“ ќе гледаме изедначено дерби од дното на табелата.

Трпчевски Стојанче од Кавадарци ќе биде главен судија на мечот во Битола, додека негови помошници ќе бидат Трпчевски Драган и Панов Душко, исто така од Кавадарци. За четврт судија на мечот е делегиран Мантев Петар од Неготино. Делегат на мечот ќе биде Далипи Џевдет од Кичево, додека контролор Даниловски Крсте од Скопје.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и ќе се игра без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштите од Ковид-19.

Comments are closed.