Турново гостува во Лозово кај Работник Џумајлија

Хоризонт Турново во недела во рамки на 10. коло од Третата лига – Исток ќе гостува во Лозово каде ќе се судри со домаќинот Работник Џумајлија. Гостите од Турново на овој натпревар ќе бидат апсолутни фаворити, поради подобрата екипа и форма.

Хоризонт Турново - екипа 2020-21

Во досегашниот тек од сезоната Работник има една победа, едно реми и седум порази и со вкупно 4 бодови е на долниот дел од табелата, т.е. на 11-тото место, додека Турново со пет пбоеди, едно реми и три порази има 16 бодови и се наоѓа на петото место.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и ќе се игра без публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.