Спартмани го чека лидерот Брегалница Делчево

Во недела се игра 10. коло од Третата лига – Исток. Спартмани во Градско Балдовци го чека лидерот Брегалница од Делчево. Интересен и возбудлив меч во кои двете екипи ќе атакуваат на победа. За гостите од Делчево победата е единствена цел за да го задржат лидерското место, но, Спартмани на теренот во Градско Балдовци максимално подготвен ќе се спротивстави на екипата од Делчево.

Натпреварот стартува во 13:00 часот и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Спартмани - екипа 8. коло ТМФЛ - Исток

Comments are closed.