„Пандевци“ со пресврт до три важни бода против Борец

Академија Пандев на СЦ „Пандев“ во Струмица му се реваншираше на Борец за поразот во Велес и со 2:1 славеше во меч од 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Гостите од Велес поведоа во првиот дел од натпреварот, а во вториот дел од натпреварот „пандевци“ го свртеа резултатот преку Радески, кој напрво постигна гол за 1:1 од пенал, а потоа со одличен гол во 88. минута донесе водство од 2:1.

Академија Пандев - Борец, 16. коло ПМФЛ

 

Важна победа и важни три бодови за Академија Пандев која конечно излезе од опасната зона и сега е на десетото место на табелата со 14 бодови, додека Борец е на шестото место на табелата со 22 бодови. Во следното коло Академија Пандев на домашен терен ќе игра против лидерот Шкендија, додека Борец во Велес ќе го пречека Силекс.

Comments are closed.