Беласица загуби во Тетово од лидерот Шкендија

Лидерот Шкендија очекувано запиша победа над „фенерџијата“ Беласица на домашен терен со сигурни 2:0, во натпревар од 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. Иако Беласица одигра солидна игра, сепак немаше сили за изненадување над избраниците на Ѓока. Резултатот беше отворен пред крајот на првиот дел преку Бејтулаи за 1:0, резултат со кој се замина на полувреме. Вториот дел започна со отворена игра од двете страни. Домаќините преку Бесарт Ибраими во 60. минута зголемија на 2:0, резултат кој остана до крајот на натпреварот.

Шкендија - Беласица, 16. коло ПМФЛ

Шкендија е лидер на табелата со 36 бодови, четири помалку имаат Шкупи и Македонија ЃП кои се на делба на второто место. На долниот дел е Беласица со 9 бодови и Пелистер со 12.

Во следното коло Беласица ќе одигра дерби од дното на табелата во Битола, каде ќе се соочи со Пелистер. Двете екипи се во опасната зона за испаѓање, па победата ќе биде важна и за двете екипи. Шкендија ќе гостува во Струмица кај Академија Пандев.

Comments are closed.