Кошаркарите на струмички Ролинг 08 убедливо загубија од Баскет КАМ со 43:84, во меч од 7. коло од Втората кошаркарска лига – Исток.
Екипата од Македонска Каменица на мечот важеше за фаворит и истата фаворитска улога беше оправдата. Во однос на табелата, Баскет КАМ во моментот е на четвртото место на табелата, додека Ролинг е на претпоследното место.
Во следното коло Ролинг 08 ќе игра градско дерби со екипата на Струмица, додека Баскет КАМ ќе гостува во Феникс 2010.
Comments are closed.