Екипата на Беласица утре ќе има тешко гостување во Тетово, каде во рамки на вонредното 16. коло ќе се судри со лидерот Шкендија.
Тетовци на овој меч ќе важат за апсолутни фаворити за нова победа. Беласица по 15. одиграни натпревари се наоѓа на последното место на табелата со 9 бодови.
Влахо Константин од Скопје ќе биде главен судија на мечот, додека негови помошници ќе бидат Петковски Мартин и Андевски Бојан од Куманово. За четврт судија е делегиран Тефику Ндерим, исто така од Куманово. Делегат на натпреварот ќе биде Зендели Мерсим од Гостивар, додека Ширилов Игор од Скопје ќе биде контролот.
Мечот ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одигран без публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Comments are closed.