Академија Пандев утре домаќин на Борец

Академија Пандев утре на СЦ „Пандев“ го чека Борец од Велес, во меч од вонредното 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Интересе и изедначен натпревар, во кој „пандевци“ влегуваат мотивирани и со едниствена цел – победа и три бодови. Со евентуална победа, Академија Пандев може да се искачи едно место на табелата и да излезе од опасната зона, во случај на пораз или реми на Пелистер, што е можно бидејќи има тешко гостување кај Македонија Ѓорче Петров, а битолчани играт очајно.

Струга Трим Лум - Академија Пандев, 15. коло ПМФЛ 13

Качевски Јован од Струга ќе биде главен судија на мечот, додека негови помошници ќе бидат Лозаноски Злате од Битола и Бакрачески Разме од Струга. Четврт судија на мечот ќе биде Ралевски Благојче од Битола. За делегат е делегиран Златановски Зоран од Куманово, додека контролот ќе бидат Шуклев Благој од Стојаково – Гевгелија.

Мечот ќе започне во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.