КЛ7 пресилен за Астраион

Суперлигашот Астраион денес претрпе тежок пораз од разиграниот Голден Арт КЛ7 и со убедливи 38:22 загуби на гостински терен, во меч од 13. коло од групата А во Суперлигата.

Голден Арт КЛ7 - Астраион, 13. коло Суперлига

Одличен натпревар за избраниците на Бошковски кои важеа за фаворити на овој натпревар, а воедно оваа е нивна највисока победа во тековната сезона. Уште од самиот старт КЛ7 и до еден момент стигна до 9:1, а на полувремето резулатот беше 21:9. Во вториот дел промени немаше, доминацијата и убедливата игра продолжи од страна на домакините кои запишаа убедлив триумф над струмичани.

Најдобар во редовите на домаќиниот беше Ѓорговски со осум гол, додека кај Струмица најдобор беше Јанковски со осум.

Во следното коло Астраион на домашен терен ќе има тешка задача со непоразениот апсолуниот фаворит Охрид, кој во Струмица доаѓа со освоени максимални бодови.

Comments are closed.