Хоризонт Турново го доби дербито со Тиверија

Хоризонт Турново го доби дербито со Тиверија, откако на „Кукуш“ славеше со 2:1, во меч од 9. коло од Третата лига – Исток. Турновци одиграа одличен натпревар и ја запишаа петата сезонска победа, додека Тиверија го запиша шестиот сезонски пораз.

Хоризонт Турново - Спартмани, 2. коло ТМФЛ - Исток

Турново по 9. одиграни кола има 16 освоени бодови и се наоѓа на петото место на табелата, додека Тиверија е на десетото место со 7 освоени бодови. Лидер на табелата е Брегалница со 22 бодови, еден помалку има второпласираниот Малеш, додека на третото место е радовишки Детонит. На дното од табелата е Василево без бодови.

Во следното коло Хоризонт Турново ќе гостува во Лозово кај Работник Џумајлија, додека Тиверија ќе гостува кај Василево.

Comments are closed.