Спартмани загуби на гостувањето во Карбинци

Екипата на Спартмани се „лизна“ и неочекувано загуби од Карбинци на гостински терен, во меч од 9. коло од Третата лига – Исток. Карбинци одигра одличен натпревар и клубот на последните четири натпревари нема пораз, додека Спартмани кој важеше за фаворит на овој меч, не успеа да ја оправда оваа фаворитска улога и го запиша третиот сезонски пораз.

Спартмани - екипа 8. коло ТМФЛ - Исток

Екипата од Градско Балдовци со 16 бодови е на шестото место, додека Карбинци со 9 бодови се искачи на осмото место. Во следното коло Спармани дома ќе има тежок натпревар со лидерот на табелата Брегалница од Делчево, додека Карбинци ќе има тешка задача на гостување во Берово каде ќе се соочи со Малеш.

Comments are closed.