Академија Пандев со голем бод од тешкото гостување во Струга

Академија Пандев ремизираше играјќи 1:1 со Струга Трим Лум на тешкото гостување во Струга, во меч од 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“ се враќаат со голем бод од тешкиот натпревар, но, немаат напреднок на табелата.

Струга Трим Лум - Академија Пандев, 15. коло ПМФЛ 13

Први до водство дојдоа стружани преку Ристевски кој постигна гол од пенал во 57. минута. Стоилов во 71. минута од натпреварот, по фантастично изведен удар постигна гол за 1:1. Во однос на табелата, Академија Пандев има 11 бодови и се наоѓа на претпоследното место, додека Струга Трим Лум со 21 бод е на шестото место.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен го чека амбициозниот Борец од Велес, додека Струга Трим Лум ќе има тешко гостување во Кратово кај Силекс.

 

Comments are closed.