Екипата на Спартмани утре ќе гостува во Карбинци, каде во меч од 9. коло од Третата лига – Исток ќе се судри со истоимената екипа. Во изјава за Струмица Сити, играчот на Спартмани, Никола Црнгаров вели дека Спартмани е подготвен максимално за натпреварот со Карбинци и очекуваат три бодови.
„Ние за секој натпревар сме максимално подготвени и на секој натпревар одиме на три бода. Не го потценуваме противникот, екипата на Карбинци. Ние сме сите здрави и спремни за натпреварот со Карбинци, имаме позитивна енергија во екипата после победата над Малеш“, вели Црнгаров за Струмица Сити.
Comments are closed.