Струмица Жени утре против Работнички во Скопје

Одбојкарките го одработеа првиот дел од сезоната во предвидениот термин, па без пауза ќе ги почнат натпреварите од Втората фаза во Првата македонска женска одбојкарска лига. Струмица Жени продолжува во Втората фаза – 1 каде со 13 бодови е на четвртото место на табелата. Струмичките одбојкарки утре ќе гостуваат во Скопје, каде ќе ги одмерат силите со екипата на Работнички – Скопје која со 16 бодови е на третото место на табелата, во меч од 1. коло.

Струмица Жени - екипа 2020-21

Прв судија на натпреварот ќе биде Христов Јосип, додека за втор судија е делегиран Весевски Давор. Делегат на натпреварот ќе биде Пеица Светислав. Мечот се игра во СЦ “Б.Трајковски“- Скопје (мала сала) со почеток од 18:00 часот и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

 

Comments are closed.