Наковски Волеј утре гостува кај ЈВ Кисела Вода

Утре одбојкарките на Наковски Волеј од Струмица ќе гостуваат кај екипата на ЈВ Кисела Вода во Скопје, во меч од 1. коло од Втората фаза – 1.

Македонија Макс - Наковски Волеј, одбојка

Домаќините на овој меч ќе важат за фаворити, поради подобрата екипа и домашниот терен. ЈВ Кисела Вода во моментот е на втотот место на табелата со 16 бодови, додека струмичките одбојкарки со 13 бодови се на петото место на табелата.

Прв судија на мечот ќе биде Амбарков Орданче, додека за втор судија е делегиран Жабев Зоран. Делегат на мечот ќе биде Никчевиќ Сања. Натпреварот се игра во ОУ “Невена Г. Дуња“ во Скопје со почеток од 19:30 часот, без присуство на публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.