Виктори Волеј убедливо поразена од Ускана

Одбојарките на Виктори Волеј претрпеа убедлив пораз од 0:3 во сетови од екипата на Ускана, во меч од 1. коло од Втората фаза – 2 од Првата македонска женска одбојкарска лига. Во мечот одигран во КГС „Партизан“ во Струмица, домаќините првиот сет го загубија со убедливи 11:25. Во вториот сет струмичките одбојарки одиграа одлично и пружија отпор кој не беше доволен, па вториот сет го загубија со 20:25, додека третиот со 23:25.

АРХИВА

АРХИВА

Во однос на табелата, Виктори Волеј со шест бодови е на четвртото место на табелата, додека Ускана со ист број на бодови се наоѓа на петото место на табелата.

Comments are closed.