Дерби-пресметката за врвот меѓу Џио Струмица и Универзитет во Тетово ќе се одигра во понеделник

Големата дерби-пресметка за врвот на табелата меѓу Џио Струмица и Универзитет во Тетово ќе биде одиграната во понеделник. Дербито во рамки на 8. коло од Првата одбојкарска машка лига кое требаше да се одигра на 28 ноември беше одложено и истото ќе се одигра во понеделник.

Џио Струмица - Шкендија во Струмица 3.коло ПОМЛ

Дуелот е важен за двете екипи, бидејќи победник ќе остане на врвот на табелата со 3 бода повеќе од второпласираната екипа. Вомоментот двете екипи ја делат првата позиција на табелата со по 21 освоен бод.

Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 17:30 часот и истиот ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19. Мечот ќе може во живо да се следи на МРТ3.

 

Comments are closed.