Астраион на тешко гостување кај Голден Арт КЛ7

Ракометарите на струмички Астраион во понеделник ќе имаат тешко гостување во Скопје, каде ќе се судрат со расположениот Голден Арт КЛ7, во меч до 13. коло од групата А од ракометната Суперлига. Астраион е на последното седмо место на табелата со 4 освоени бодови и ги загуби шансите за плеј-оф. Од друга страна, младиот состав на Голден Арт КЛ7 игра фантастична деби суперлигашка сезона и на мечот против Астраион ќе важи за голем фаворит.

Астраион - Јуниор КВ, 11. коло Група А Суперлига

Натпреварот ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје, додека за делегат на натпреварот е делегиран Душко Камишевски од Скопје. Мечот се игра во „Борис Трајковски“ со почеток од 19:30 часот, истиот ќе биде одигран без присуство на публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.