Џио Струмица против Дибра Волеј

Одбојарките на Џио Струмица во недела во Спортската сала „Парк“ во Струмица, ќе се соочат со екипата од Дибра Волеј од Дебар.

„Ференџијата“ Дибра во досегашниот тек од сезоната нема добиено ниту еден сет и со нула бодови е на последното место на табелата во Првата одбојкарска машка лига. Џио е на делба на првото место на табелата со екипата на Универзитет во Тетово со по 21 освоен бод. Овие две екипи требаше да ги одмерат силите минатиот викенд, но, натпреварот е одложен.

Џио Струмица - Шкендија во Струмица 3.коло ПОМЛ

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и истиот ќе биде одигран без публика, согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Мечот ќе може во живо да се следи на официјалната фејсбук страница на Џио Струмица.

 

Comments are closed.