Хоризонт Турново на „Кукуш“ ја чека Тиверија

Во 9. коло од Третата лига – Исток, на „Кукуш“ ќе се судрат домаќинот Хоризонт Турново и Тиверија. Двете екипи играат далеку од очекувањта. Турновци влегоа како едни од фаворитите за прво место и влез во Втората лига, но, ритамот за врвот пополека го губат, на натпреварот против очајната Тиверија влегуваат како фаворити за победа и можност да се искачат место погоре на табелата. Турново со 13 бодови е на седмото место на табелата и има негатива од шест бодови во однос на лидерот Брегалница од Делчево.

Хоризонт Турново - Спартмани, 2. коло ТМФЛ - Исток

Тиверија има очајна сезона и тешко да влези во ритам. На осум подиграни натпревар имаат две победи едно реми и пет порази и со вкупно 7 бодови се на долниот дел од табелата, односно на деветото место.

Мечот ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.