Спартмани гостува во Карбинци

Екипата на Спартмани која игра одлична сезона во недела ќе гостува во Карбинци, каде ќе се соочи со истоимената екипа во меч од 9. коло од Третата лига – Исток.

Спартмани - екипа 8. коло ТМФЛ - Исток

Спартмани во досегашниот тек од сезоната има запишано пет победи, едно реми и два порази, и со вкупно 16 бодови е на високото четврто место на табелата. Домаќинот Карбинци со една победа, три ремија и четири порази и вкупно шест бодови се наоѓа на десетото место на табелата.

На натпреварот во Карбицни, екипата на Спартмани ќе биде фаворит, пред се поради подобрата екипа и формата во која што се наоѓа. Мечот се игра со почеток од 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.