„Пандевци“ полуфиналисти во четири од пет можни категории во Купот на Македонија

Денеска се одиграа четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија во младински категории. Од четири екипи, дури три се пласираа во полуфиналето. Младинската, кадетската и помладите пионери со победи над екипите на Шкупи и Брегалица ја продолжија традицијата на Академија Пандев да секоја година атакува на шампионскиот Куп трофеј. Ако овде се додадат и сениорите, „пандевци“ се полуфиналисти во четири од пет можни категории во Купот.

Академија Пандев - млади екипи - Куп

Comments are closed.