Беласица реагура на судењето со Шкупи: Срамно судење на првиот судија Иванов

Беласица вчера загуби на тешкото гостување кај Шкупи со 3:1, во меч од 14. коло од Првата македонска фудбалска лига. Преку соопштение струмичкиот прволигаш реагира на срамното судење на првиот судија Иванов Игор.

Шкупи - Беласица, 14.коло ПМФЛ

Соопштението на Беласица во целост:

„Денеска се одигра 14тото коло од ПМФЛ, каде ФК Беласица гостуваше на екипата на ФК Шкупи. Сакаме да честитаме на борбеноста, упорноста и фантастичната игра на нашите фудбалери во текот на сите 90 минути и тоа против екипа претендент за шампионската титула оваа сезона, но истовремено, сакаме да го нагласиме срамното судење на првиот судија Иванов Игор, кој досуди непостоечки пенал за ФК Шкупи, додека за нашата екипа не досуди во два наврата чисти пенали. Притоа, сакаме да напоменеме дека при одлуката за пенал за ФК Шкупи, Иванов најпрво одмавна со рацете, наговестувајќи дека нема пенал, за потоа да си ја преиначи сопствената одлука без сугестија на ниту еден од неговите помошници“, велат од Беласица.

Во следното коло Беласица ја пречекува екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Comments are closed.