Беласица на домашен терен против Македонија ЃП

Екипата на Беласица во недела на „Благој Истатов“ во Струмица ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, во напревар од 15. коло од Првата македонска фудбаска лига.

На овој натпревар амбициозните „лавови“ ќе важат за фаворити, пред се поради подобрата екипа и воиграноста на истата. Беласица ќе излезе со единствена цел – победа и можност за скок на табелата до две места и излез од опасната зона. Струмичани на последните пет натпревар имат две победи, две ремија и пораз од Шкупи. Од друга страна, Македонија ЃП има скор од три победи, едно реми и убедлив пораз од 5:0 од лидерот Шкендија, што може лошо да влијае на натпреварот во Струмица, а Беласица може да искористи шанса за да направи изненадување.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Натпреварот ќе го суди Ецкоски Марјан од Охрид, додека негови помошници ќе бидат Мацевски Ацо и Бакрачески Разме од Струга, за четврт судија е делегиран Ралевски Благојче од Битола. Делегат на натпревар ќе биде Симонов Бернард од Штип, додека за контролор е одреден Коцев Ванчо, исто така од Штип.

Мечот ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.