Академија Пандев во недела гостува во Струга

Екипата на Академија Пандев во недела ќе гостува во Струга, каде во меч од 15. коло од Првата македонска фудбалска лгиа ќе се соочи со домаќинот Струга Тум Лум. „Пандевци“ ќе имаа тешка задача на оваа гостување, бидејќи Струга ќе биде „незгоден“ противник и ќе важи за фаворит на овој меч. Во досегашниот тек од сезоната, стружани имаат скор од пет победи, 5 ремија и четири порази, со вкупно 20 освоени бодови се на делба на петтото место со екипата на Силекс.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Академија Пандев со мотив и единствена цел – победа и излез од резултатската криза, кое може да и донесе скок од едно место и излез од опасната зона.

Главен судија на мечот ќе биде Стојчевски Игор од Скопје, додкеа негови помошници ќе бидат Костадинов Дејан и Петрески Гоце, исто така од Скопје. За четврт судија делегиран е КОстенчев Никола од Скопје. Делегат на мечот ќе биде Бошевски Васко од Бито, додека контролот ќе биде Дивитаров Мендо, исто така од Битола.

Мечот ќе започне во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Comments are closed.