Екипата на Беласица загуби со 3:1 на денешното тешко гостување во Скопје од Шкупи, во меч од 14. коло од Првата македонска фудбалска лига. Струмичани немаа сили за одличниот Шкупи кој што беше максимално мотивиран за победа, која му го донесе второто место на табелата.
Беласица на претходноте четири натпревари имаше две ремија и две победи, а денес го претрпе деветиот сезонски пораз. Шкупи со победата дојде до второто место на табелата со 28 бодови и има негатива од два во однос на лидерот Шкендија. Беласица останува на последното десето место на табелата со 9 освоени бодови.
Во следното коло Беласица на домашен терен ќе има повторно тежок натпревар против амбициозната Македонија Ѓ.П., додека Шкупи ќе патува во Битола кај очајниот Пелистер.
Comments are closed.