Астраион ремизираше, Јуниор К.В. со голем бод се враќа од Струмица

Астраион ремизираше на домашен терен со екипата на Јуниор Кисела Вода играјќи 19:19, во меч од 10. коло од групата А од Суперлигата. Струмичани на полувреме имаа предност од еден разлика, односно 12:11. Во вториот дел како и во првиот, гледавме изедначен натпревар и мотив за победа и кај двете екипи. Пресудно беше тоа што расположение Караиванов, не реализираше во клучниот напад, па гостите од Скопје дојдоа до голем бод во оваа дерби од дното на табелата.

Астраион - Јуниор КВ, 11. коло Група А Суперлига

 

Караиванов Митко со осум погодоци беше најпрецизен кај струмичани, додека кај Јуниор К.В. најдобар беше Милутиновиќ Немања со четири гола. Во однос на табелата, двете екипи со по 4 бода се наоѓаат на последните две места на табелата.

Во следното коло Астраион го очекува тешко гостување кај екипата на Голден Арт КЛ7, која ќе важи за голем фаворит на тој натпревар и ќе влезе максимално мотивирана за победа и за задржување на шансите за плеј-оф, откако вчера на домашен терен беше поразена од дирекниот конкурент за плеј-оф, екипата на Струга.

Comments are closed.