Академија Пандев со минимален пораз од Ренова

Академија Пандев на СЦ „Пандев“ во Струмица загуби со минимални 0:1 од Ренова, во меч од 14. коло од Првата македонска фудбалска лига. Тренерската смена ја прероди Ренова, која врза две победи во ПМФЛ и се искачи на деветото место на табелата со 14 бодови. „Пандевци“ веќе в недела ќе имаат шанса за поправен, на гостувањето во Струга кај екипата на Струга Трим Лум. Победата во следното коло за Академија Пандев ќе биде многу важна, бидејќи ќе имаат можност да излезат од опасната зона, со евентуален пораз на Пелистер на домашен терен од разиграниот Шкупи.

Во следното 15. коло Академија Пандев ќе гостува во Струга, додека Шкупи ќе гостува во Битола.

Академија Пандев - Ренова, 14.коло ПМФЛ

Comments are closed.