Академија Пандев: Дали милионските вложувања на нашиот сопственик во македонскиот фудбал се правилна одлука ?

Академија Пандев денес на СЦ „Пандев“ загуби минимално со 0:1 од екипата на Ренова, а по натпреварот од струмичкиот прволигаш имаат забелешки на судиите кои го судеа овој натпревар.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Соопштението на Академија Пандев:

„Пораз од 0-1 против екипата на Ренова. Против еден противник можеби и ќе се боревме, но не бевме моќни и против судијата Стојанче Трпчевски кој денеска беше дојден/пратен во Струмица со цел да и наштети на Академија Пандев. Не бараме алиби за слабите резултати оваа сезона, но се доведуваме во ситуација да размислиме дали милионските вложувања на нашиот сопственик во македонскиот фудбал се правилна оклука. За македонскиот фудбал да оди напред, мора работите да се менуваат од корен…“, велат од Академија Пандев.

Во следното коло избраниците на Југослав Тренчовски ќе гостуваат во Струга, каде ќе ги одмерат силите со екипата на Струга Трим Лум.

 

Comments are closed.