Беласица на тешко гостување кај Шкупи

Екипата на Беласица утре во рамки на 14. коло од Првата македонска фудбалска лига, ја очекува тешко гостување кај големиот фаворит Шкупи. Струмичани по тренерската смена имаат позитивна серија, на последните пет натпревари имаат скор од еден пораз, две ремија и две победи, со вкупно 9 освоени бодови се на последното место на табелата. Шкупи на овој натпревар влегува како голем фаворит за победа, кој со 25 освоени бодови е на третото место на табелата.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Притисок за победа и три бодови ќе има кај Беласица, која нема што да изгуби на овој меч и ќе влезе со единствена цел – победа. Шкупи на овој меч оди на победа и можност за прво место во случај на нерешен резултат меѓу Шкендија и Македонија Ѓ.П. во директната дерби-пресметка која се игра во Тетово.

Иванов Игор од Велес ќе биде главен судија на мечот, додека негови помошници ќе бидат Новачев Петар од Велес и Ѓорѓиев Ристо од Штип. За четврт судија делегиран е Стојанов Стојанче од Штип. Делегат на натпреварот ќе биде Кранли Емин од Ресен, додека контролот Манојлоски Бранко од Тетово.

Мечот се игра на Теренот на Фудбалска Федерација на Македонија со почеток од 13:00 часот, без присуство на публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

 

Comments are closed.