Академија Пандев утре на домашен терен против Ренова

Екипата на Академија Пандев утре на СЦ „Пандев“ ја чека Ренова во меч од 14. коло од Првата македонска фудбалска лига. Возбудлив и изедначен натпревар, победа и три бодови важни за двете екипи. „Пандевци“ влегуваат под притисок за победа која може да ги подигне две места на табелата, додека Ренова по тренерската смена запиша победа во минатото коло од 1:0 над Борец и на овој натпревар влегува мотивирана за нова победа и можен скок од две места на табелата.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Главен судија на мечот во Струмица ќе биде Трпчевски Стојанче од Кавадарци, додека негови помошници ќе бидат Трпчевски Драган и Панов Душко, исто така од Кавадарци. За четврт судија е делегиран Мантев Петар од Неготино. Делегат на натпреварот ќе биде Јанушев Бранислав од Скопје, додека за контролот е одреден Даниловски Крсте, исто така од Скопје.

Мечот ќе започне во 13:00 часот и ќе биде одигран пред празни трибини, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19. Натпреварот во живо ќе може да се следи на ТВ платформата на ФФМ.

Comments are closed.