Астраион утре против Јуниор К.В.

Ракометарите на струмички Астраион утре на домашен терен играт дерби од дното на табелата против Јуниор Кисела Вода, во рамки на 11. коло од Групата А од Суперлигата.

Астраион - Тинекс Пролет, 9. коло Група А Суперлига

Двете екипи ги изгубија шансите за третото место кое води во плеј-офот и сигурен опстанок во Суперлигата. Во досегашниот тек од сезоната двете екипи имаат запишано по една победа. Астраион на домашен терен во 1. коло славеше над Радовиш, додека Јуниор К.В. во 4. коло на домашен терен го надигра Астраион. Струмичани утре на домашен терен ќе може да му вратат на Јуниор К.В. за поразот од 4. коло.

Во однос на табелата, Охрид е лидер со максимални 8 победи и 24 бодови, втор на табелата е Тинекс Пролет со 18 бодови, битката за третото место се води меѓу Голден Арт КЛ7 и Струга кои имаат по 13 бодови и се на делба на третата позиција. Екипата на Радовиш со 9 бодови е на петото место и шансите за плеј-оф им се значително намалени по поразот од Голден Арт КЛ7 во 9. коло. На шестото место е Јуниор К.В. со 3 бодови, колку што има и Астраион кој е на седмото односно последното место на табелата

Судиска двојка за натпреварот ќе биде Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје, додека делегат е делегиран Васил Чавдаров од Богданци. Натпреварот се игра во „Парк“ од Струмица со почеток од 20:15 часот..

Comments are closed.