Хоризонт Турново со победа над Василево

Екипата на Хоризонт од Турново запиша победа на гостување во Василево, каде со 1:2 славеше над истоимената екипа во меч од 8. коло од Третата лига – Исток. Турновци важеа за фаворити на овој натпревар и таа улога беше оправдата со победа, која за нив беше четврта.

Хоризонт Турново - Карбинци, 4.коло ТМФЛ Исток

Турново со 13 бодови е седми на табелата, додека Василево останува на дното од табелата без освоени бодови. Во следното коло Турново на „Кукуш“ ја чека Тиверија, додека Василево ќе има тешко гостување во Берово кај екипата на Малеш.

Comments are closed.