Одбојкарките на струмички Наковски Волеј запишаа убедлива победа, откако со 3:0 во сетови ја декласираа екипата на Фит Фан Волеј, во меч од 7. коло од Првата одбојкарска женска лига. Првиот сет Наковски Волеј го доби со 25:15, додека вторито со 25:14. Третиот сет заврши со 25:16 за убедлива победа на екипата од Струмица. Со 13 бодови Наковски Волеј е на второто место на табелата, додека Фит Фан Волеј со 9 бодови е на третото место на табелата.
Овој натпревар беше последен од првиот дел од натпреварувањето, со што Наковски Волеј обезбеди пласман во плеј-оф завршницата.
Comments are closed.